Со дербито на колото во салата Автокоманда меѓу Алкалоид и Вардар ќе биде „спуштена“ завестата на 5.коло од Супер лигата плеј оф. Двата тима со порази од претходното коло ќе влезат во овој натпревар со самото тоа императивот за победата ќе биде поголем, особено кај „црвено-црните“ кои веќе имаа два пораза во вториот дел од шампионатот и двата на гостински терен.
Алакалоид пак во неделата ја прекина победничката серија на гостувањето во Охрид, па така нема веќе не поразени екипи во домашната лига. Со големо внимание дуелот ќе го следат и конкурентите за висок пласман првакот Еурофарм Пелистер, Тиквеш и Охрид.
Натпреварот ќе го судат и најдобрите судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Почетокот е во 18:30 часот.
Инаку, по одигрувањето на ова коло ќе следува пауза во првенството поради ЕХФ недела (настпи на репрезентации) и потоа натпревари од четвртфиналната фаза на домашниот куп.
Резултати на другите дуели од плејофот одиграни вчера: Пролет – Охрид 28:32 и Струга – Бутел 13:20, ГРК Тиквеш – Е.Пелистер 21:24.
Во плејаут лигата во дербито МРК Куманово и Прилеп одиграа нерешено 26:26, додека Вардар Неготино постигна минимална победа над Голден Арт со 27:26. Денеска играат Еурофарм Пелистер 2 против Скопје 2020, додека слободна беше екипата на Мулти Есенс.
Табела плејоф: Еурофарм Пелистер 17 бодови, Охрид 14, Алкалоид 12, Тиквеш 10, Вардар 9, Бутел 4, Пролет 3, Струга 0.
Табела плејаут: Прилеп 15, Вардар Неготино 12, МРК Куманово 11, Е. Пелистер 2 9, Мулти Есенс 7, Голден Арт 6, Скопје 2020 3, Аеродром -2.