Речиси не поимливо е на спортските терени низа Македонија на едно место да се видат две навивачки групи.
И тоа се случи!
На дерби во ракометната Супер лига во Кавадарци, меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер, навивачите на двата тима беа на иста трибина (место).
Пред почетокот на натпреварот, заедно, ракометарите и навивачките групи „Лозари“ и „Чкембари“ со поддршка за македонскиот репрезентативец Ненад Костески. За него сезоната е завршена. Тој пред три дена на дуелот во Лигата на шампионите се здоби со сериозна повреда.
Она што секако може да радува е фактот дека натпреварот мина во борбена игра на теренот, но фер и коректно. Така беше и на трибините во салата „Јасмин“.
Секоја чест за двете навивачки групи.
Камо среќа и во иднина да сме сведоци и на други групи на навивачи, мирно коректно и фер да ги бодрат своите тимови.