Екипите кои ги имаа фаворитските улоги, Работнички, Пелистер, Кожув и Гостивар ги оправдаа очекувањата.

Кошаркарите на Работнички во најефикасниот натпревар славеа на гостувањето кај Охрид. Шестмина гостински кошаркари имаа десет и повеќе поени. Ги предводеше највисокиот, Рикиќ, кој реализираше 22, Џелетовиќ застана на 19.

Стотка минаа и кошаркарите на Гостивар кои пред своите симпатизери го надиграа „фенерџијата“ Вардар. Ова беше важна победа за Гостиварци во трката за осмата позиција што води во плејофот. Тие ја одржуваат предноста во однос на Кожув кој исто така на домашен терен славеше лесно над Академија ФМП.

Навидум требаше да биде дерби дуел, оној во Битола, но Пелистер го надигра Чаир со убедливи 30 поени разлика. Магдевски постигна 19 поени, Најт даде 17, а Планиниќ дополни со 15, додека Маслинко уште со 12 поени. На другата страна порасположен од останатите беше Какруки со 14 поени.

Претходно, попладнево, предноста на домашниот терен ја искористија МЗТ Скопје и Еуро Никел во дуелите со ТФТ и Феникс.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 19.КОЛО
Охрид – Работнички 96:111
Кожув – Академија ФМП 88:60
Пелистер – Чаир 85:55
Гостивар – Вардар 101-75
МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ 78:56
Еуро Никел – Феникс 84:68

ТАБЕЛА: Работнички 34 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 34, Еуро Никел 32, Пелистер 32, Чаир 32, ТФТ 31, Феникс 30, Гостивар 25), Кожув 24, Охрид 23, Академија ФМП 22, Вардар 22.