Фудбалерите на Штутгарт остварија нова победа во Бундес лигата. Во натпревар од 25.коло одигран пред своите симпатизери, Штутгарт ја совлада екипата на Унион Берлин со 2-0.
Популарните „шваби“ поведоа со голот на Гуираси уште во 19-тата минута. На вториот гол се чекаше се до 65-тата минута кога Фирих зголеми на 2-0. Гостите од 69.минута останаа без исклучениот Пафер кој заработи директен црвен картон.
Со оваа победа и 53 бодови, Штутгарт кој е трет на табелата сега пак е на еден бод помалку од минхенски Баерн, а на девет повеќе од Борусија Дортмунд.
Баварците утре го пречекуваат Мајнц, а „Милионерите“ гостуваат во Бремен кај Вердер.
Standings provided by Sofascore