Со денешната ждрепка одредени се двојките за полуфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија.
Бранителот на трофејот од минатата година екипата на Македонија Ѓорче Петров за противник ќе ја има охридската екипа Воска Спорт. Првиот натпревар ќе се игра во Охрид.
Во второто полуфинале ќе играат Шкупи и кавадаречки Тиквеш, првиот во Скопје, а реваншот во Кавадарци.
Првите натпреварид од полуфиналето се закажани за 3 април, а реванш дуелите ќе се играат на 17 април (15 часот).
Финалниот натпревар од годинашното издание на Купот на Македонија ќе се игра на 22 мај (19 часот)