Фудбалерите на Интер Мајами одиграа нерешено 2-2 со Нешвил на гостински терен, во првиот натпревар од осминафиналето на Купот на КОНКАКАФ.
Некогашниот трио на Барселона, Лионел Меси, Луис Суарез и Серхио Бускетс, го спасија тимот од Мајами од пораз.
Имено, домашниот состав на Нешвил имаше водство од 2-0.
Аргентинецот, Меси во 52-та минута со прекрасен гол од работ на шеснаесетникот намали на 1-2.
И кога сите очекуваа дека со тој резултат ќе заврши натпреварот Уругваецот постигна гол. Се играше петтата минута од судиското надополнување, кога по асистенција на Бускетс, Суарез реализираше за конечни 2-2.