Во Првата македонска фудбалска лига попладнево беа одиграни натпреварите од 22-то последно коло од вториот дел на сезоната.

Нерешените исходи на Шкупи и Шкендија на гостувањата без голови во Штип и Струмица ги искористи шампионот Струга ТЛ кој ја презеде лидерската позиција на табелата.

Струга славеше над Македонија Ѓорче Петров со 2-1. Стружани во првиот дел создадоа два гола предност, преку Шабани (13.минута) и Радевски (21). По само четири минути игра во второто полувреме (49) Ачлији намали на 1-2.

Еден гол го преши победникот на скопското дерби. Со погодокот на Глишиќ директно од корнер во 56.минута Вардар го победи Работнички.

Еден гол беше постигнат и во Кавадарци. Тиквеш со погодокот на Бразилецот, Робертињо (20.минута) го победи Силекс со 1-0.

Воска спорт и Гостивар одиграа без победник во Охрид. Домаќините поведоа преку Јусуфи во 24.минута, а гостите израмнија преку Михамед Елмас (83).

Во продолжението на сезоната во која ќе бидат одиграни уште 11.коло, не очекува голема борба, како за титулата така и за опстанок ПМФЛ.

ПРВА ЛИГА – 22.КОЛО резултати
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 1-0
БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 0-0
СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1
БРЕРА СТРУМИЦА – ШКЕНДИЈА 0-0
ТИКВЕШ – СИЛЕКС 1-0
ВОСКА – ГОСТИВАР 1-1

Standings provided by Sofascore