Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска ќе го игра последниот натпревар во ракометната Лигата на шампионите.
Пелистерци кои на изминатите 13 одиграни натпревари не освоија ниту еден бод, односно ги изгубија сите дуели, денеска гостуваат во Норвешка.
Противник е екипата на Колстад, со која впрочем ја отворија сезоната во елитното натпреварување.
За двата тима ова ќе биде последен натпревар во елитата, имајќи во предвид одамна ги загубија шансите за место во плејофот.
Од таборот на македонскиот шампион се надеваат дека на крајот конечно ќе останат не поразени. Но, за да се случи тоа, зелено-белите ќе мора да одиграат многу поквалитетно, за разлика од првиот меч. Тогаш дуелот во Битола го доби Колстад со убедливи 31-22.
Почетокот на дуелот меѓу Колстад и Еурофарм Пелистер е во 18.45 часот.