Кошаркарите на Охрид и Чаир ја искористија предноста на домашниот терен и славеа победи во дуелите со Еуро Никел и Гостивар.

Охриѓани пред своите симпатизери го изненадија кавадаречки Еуро Никел совладувајќи го со 77-71. Домаќините го отворија натпреварот со 5-0. Континуирано ја одржуваа предноста во првата четвртина што ја добија со 14-12. Во втората, подобри беа кавадарчани. Имаше Еуро Никеч и седум предност (25-32), но на одмор се замина со израмнет резултат 39-39.

Во второто полувреме гостите само три пати имаа поен предност последната (57-58). Со серијата од 7-0 Охриѓани повторно се одлепија, а тоа се покажа како решавачки миг на натпреварот. Знаеја домашните како да ја сочуваат предноста и на крајот да славата со конечни 77-71.

Во четвртата победа на Охрид сезонава, најефикасен беше Лазар Димовски со 19 поени кој додаде и седум скокови. Тој имаше поддршка од американското трио, Бровер со 15, Андерсон и Лајонс со по 14 поени. Кај кавадарчани Дубински реализира 18, а Меквин 18 поени.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 18.коло
сабота
ОХРИД – ЕУРО НИКЕЛ 77-71
ЧАИР – ГОСТИВАР 89-78
ТФТ – ПЕЛИСТЕР 77-66
ВАРДАР – КОЖУВ 78-92
недела
19.30 РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ФМП
20.00 ФЕНИКС – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 31, Чаир 31, Работнички 30, Еуро Никел 30, Пелистер 30, ТФТ 30, Феникс 27, Гостивар 23, Кожув 22, Охрид 22, Академија ФМП 21, Вардар 21.