Второлигашката кошаркарска конкуренција викендов го носи 17-тото коло.
МКК Куманово е неприкосновен лидер со максимални 16 победи, но викендов кумановци пред себе ќе имаат ривал кој игра добро. Докузовски и неговите избраници гостуваат кај МЗТ Скопје У.Б. во дербито на колото.
Младиот тим кој го предводи Бојан Серафимов ќе се обиде да го победи оној кој досега е непобедлив. Тоа е натпреварот со кој че биде отворена оваа рунда, а ќе се игра денеска од 15 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Пред „сериозен“ испит ќе биде и екипата на Шкупи, која оди во Штип, каде во недела, од 18 часот, го чека дуелот со Соколи .
Во недела, но од 19.30 часот, во салата „Наум Наумовски-Борче“, Маџари ќе го дочека составот на Работнички 2018, а ден подоцна, од 15.30 часот, во „Независна Македонија“ е локалната пресметка помеѓу екипите на Водно Санс и Ангели.
Интересна средба за место во плејофот во Прилеп, каде Мега баскет ќе биде во улога на домаќин на велешки Борец баскет.
Натпреварите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 17.КОЛО
сабота
15.30 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – МКК КУМАНОВО
19.00 МЕГА БАСКЕТ – БОРЕЦ БАСКЕТ
недела
18.00 СОКОЛИ – ШКУПИ
19.30 МАЏАРИ – РАБОТНИЧКИ 2018
понеделник
17.30 ВОДНО САНС – АНГЕЛИ
Слободен ТЕТЕКС