Ливерпул и Тотенхем извојуваа победи, додека Челзи киксна со Брентфорд во првите натпреварите од 27.коло во англиската Премиер лига.
Ливерпул на гостински терен кај Нотингем Форест дојде до победа во 99-тата минута со голот на Дарвин Нуњез.
Избраниците на Јурген Клоп одиграа одлично на готово целиот натпревар, но не можеа да го совладаат голманот Мац Селс се до 90+9 минута. Имено, Дарвин Нуњез со глава во последната минута од натпреварот постигна погодок за важна победа на Ливерпул од 1:0.
Во „малото“ лондонско дерби кое се играше во Брентфорд, Челзи и Брентфорд постигнаа по два погодоци, но ниту еден не успеа да дојде до победоносниот трет погодок.
Николас Џексон го постигна првиот погодок и му донесе водство од 1:0 на Челзи по првите 45 минути. Во вториот дел Брентфорд дојде до пресврт и водство од 2:1 со головите на Мадс Расмусен и Јоан Виса. А, конечните 2:2 ги постави столбот во одбраната на Челзи, Аксел Дисаси.
Тотенхем со пресврт го совлада Кристал Палас на домашен терен – 3:1.
„Белите“ од Лондон губеа со 1:0 во 59-тата минута, а голот за гостите го постигна Ебречи Езе. Но, за само 10 минути Тотенхем успеа да дојде до водство и сигурна победа од 3:1. Во 78-та погоди Тимо Вернер за 1:1, само 2 минути подоцна Кристијан Ромеро му донесе водство на домаќинот, а сигурната победа ја донесе Хуенг-Мин Сон во 88-та минута.
На останатите натпревари, Вест Хем со пресврт го совлада Евертон – 3:1, Фулам и Њукасл убедливо со 3:0 ги совладаа Брајтон и Волвс.