Екипата на Кожув направи голем „ремонт“ во своите редови, во обид на обезбеди опстанок во Првата кошаркарска лига. Гевгелискиот тим со во своите редови доведе петмина нови кошаркари, а исто толку го напуштија клубот.
На местата на Пандев, Артисон, Слејтер, Кришнан и Хукиќ, дојдоа е Караколев, Пен, Милер, Вујадиновиќ и Марковиќ.
Првите двајца (Караколев и Пен) имаат свој „кам-бек“. Македонецот пред пет години беше дел од Кожув, а Американецот играше пред две.
Кожув по 17 одиграни натпревари има само 3 победи како и Охрид и Вардар, а две помалку од Гостивар и една од ФМП Академија.
Меѓу овие тимови ќе се бараат двете екипи кои следната сезона ќе играта во Втората лига.