Екипата на Ливерпул која во неделата во освои Лига „Карабао“ купот, е последниот патник во четвртфиналето на ФА Купот.
Ливерпул пред своите симпатизери на „Енфилд“ лесно со 3-0 го совлада Саутемптон.
Стрелци на головите за „црвените“ беа. Кумас (44.минута) и два гола постигна Денс (73и 88).
Со тоа познати се сите осум екипи што ќе играат во четвртфиналето, како и двојките за таа рунда.
Ливерпул за место во полуфиналето ќе се бори со Манчестер Јунајтед. Победникот од тој меч оди на мегдан со подобриот меѓу Вулверхемптон и Ковентри.
Бранителот на трофејот Манчестер Сити ќе игра против Њукасл, а подобриот од тој меч во полуфиналето ќе игра со победникот од натпреварот Челзи – Лестер.