Фудбалерите на Интер се радуваа на нова победа во Серија А, по која се уште поблиску до освојување на шпампионскиот трофеј.
Вечерва во Милани, Итнер ја победи екипата на Аталанта убедливо со 4-0.
Иако требаше да биде дерби, тоа ни од далеку не беше случај. Интер доминираше во текот на целиот меч, а како резултат на таквата игра беа и четирите гола. На крајот Аталанта може да биде и среќна што прими само толку.
Стрелци на головите за „неро-азурите“ беа: Дармијан (26.минута). Лаутаро Маринез (45+1), Димарко (54) и Фратеси (72).
Сека по 26 комплетирани кола, Интер има 69 бодови, дури 12 повеќе од второ рангираниот Јувентус, а 16 од Милан кој е трет.