Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва ќе го одиграа последниот меч пред своите симпатизер во Лигата на шампионите.
Во рамките на 13-тото, претпоследно коло во групата „А“ македонскиот првак е домаќин на моќниот дански тим Алборг.
Фаворитската улога секако ја има гостинскиот состав, но тренерот Бранислав Ангеловски верува дека ова ќе биде најдобриот меч на пелистерци.
„Мислам дека обврска ќе ни биде да покажеме најдобра игра на последниот домашен натпревар.
Тоа ни е обврска кон нашиот градот, нашите навивачите, но и нашите играчи.
Ова е дуел со можеби еден од најдобрите ривали во групата. Мора да уживаме и да дадеме максимум.
Можам да ветам, дека ќе се бориме до крај против овој ракометен гигант“, изјави Ангеловски.
Последниот натпревар сезонава во ЛШ во салата „Боро Чурлевски“ меѓу Е.Пелистер и Алборг ќе се игра вечерва од 20.45 часот.