Итан Хап, се покажа како големо засилување за македонската кошаркарска репрезентација.
Американецот со македонски пасош, одигра уште еден брилијантен натпревар.
Откако дебито против Естонија го заврши со дабл-дабл, вечерва против Полска, Хап постигна 19 поени, на кои додаде 7 скокови.
„Добро го подготвивме натпреварот. Знаевме што сакаме и добро го спроведовме тоа на теренот.
Со играч како Нено, многу е полесно да се игра.
Секој од нас го даде придонесот во оваа победа, без разлика кој колку беше на теренот“, изјави Хап, по натпреварот.