Исклучително важна победа остварија македонските кошаркари на гостувањето во Полска.
Со триумфот на ко-домаќинот на следното Европско првенство црвено жолтите остануваат во игра за пласман на шампионатот.
По натпреварот свое видување имаше селекторот Александар Јончевски.
„Знаевме против кого играме денеска.
Ризикуваме одредени отворени шутови што се покажа како исправно. Сакам да им честитам на играчите за победата.
Сите што влегоа во игра го дадоа својот максимум.
Со оваа победа ги одржуваме шансите за настап на Еврипскиот шампионат“,
истакна Јончевски, на официјалната прес конференција.
Вториот „круг“ од квалификациите, во кој црвено-жолтите ќе играат два меча со Литванија, ќе го дочекаат од второто место на табелата.