Екипата на Бетис славеше важна победа над Атлетик Билбао со која останува во трка за позициите што носат настап во европските купови.
На натпреварот одигран во Севиља, домаќините славеа победа со 3:1.
Утре во 13-тата минута Бетис поведе со голот на Авиља. Проблемите за гостите се зголемија откако Бариче во 38-минута си постигна автогол. Во финишот на првиот дел, Атлетик остана без Нико Вилијамс. Откако заработи жолт картон за остар стар, неговите реакции не престанаа, па судијата му покажа и втор и го прати во соблекувалната. Мала надеж за Баскијците донесе голот на Гурузета во седмата минута од судиското дополнение (1:2).
Во вториот дел, Бетис ја искористи предноста од играч повеќе и со голот на Џони (63.минута) стигна до трите бода.
Со овој триумф Бетис (42 бода) се проби на седмото место, постигнувајќи го Сосиедад за една позиција (40), а веднаш зад Атлетик Билбао (49).
Во следното коло двата тима ги чекаат тешки натпревари. Атлетик ќе ја пречека Барселона, а Бетис гостува во Мадрид кај Атлетико.