Ракометните дуели од Супер лигата плеј оф продолжуваат викендов, а секако гостувањето на „црвено-црните“ во Кавадарци привлекува најголемо внимание.

Екипата на Тиквеш во претходното коло одигра квалитетен натпревар на гостувањето во Скопје против вицепрвакот Алкалоид. Ова треба да биде само добра најава за квалитетен и неизвесен натпревар особено што теренот во Кавадарци знае да биде „жежок“ за гостинските екипи. Почетокот на натпреварот е во 19 часот.

Нешто порано ќе се почнат уште два натпревара. Во Скопје се игра „локалното дерби“ Пролет – Бутел (почеток 18:30 часот), додека избраниците на тернерот Кирил Лазаров (Алкалоид) гостуваат во Струга (почеток 18 часот). Утре на програмата е последниот дуел од 3.коло меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид (почеток 18 часот).

Во Супер лигата плеј-аут дуелите од 3.коло се играат денес, а двојките се: МРК Куманово – Скопје 2020 (почеток 16:30 часот), Прилеп – Мулти Есенс и Вардар Неготино – Еурофарм Пелистер 2 (двата дуела почнуваат во 18:30 часот).

Во ова коло слободна е екипата на Голден Арт КЛ7.

Табела Плеј оф: Алкалоид 9 бодови, Еурофарм Пелистер 8, Охрид 8, Вардар 6, Тиквеш 4, Бутел 1, Струга 0, Пролет 0.

Табела Плеј аут: Еурофарм Пелистер 2, Прилеп 8, МРК Куманово 4, Мулти Есенс 4, Скопје 2020 3, Вардар Неготино 3, Голден Арт КЛ7 3, Аеродром 0.