Двете водечки екипи на табелата во Втората лига, МКК Куманово и Маџари славеа нови победи. Во дуелите од 16.коло одиграни пред своите симпатизери тие беа подобри од Водно Санс и Соколи.

Кумановци до својата 16-та победа, во исто толку одиграни натпревари, го совладаа скопски Водно Санс со 37 разлика. Второ рангираниот состав на Маџари беше подобар од штипските Соколи со +22.

Нови два бода прокнижи и трето пласираниот состав на Шкупи и тоа службено, откако екипата на Куманово 2009 е исклучена од лигата.

Со победата над Работнички 2, екипата на Ангели сега е на четвртото место на табелата. Но, дали ќе остане таму, ќе дознаеме по натпреварот Борец баскет – МЗТ Скопје 2, што ќе се игра утре.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 16.КОЛО
Сабота
МКК КУМАНОВО – ВОДНО САНС 96-49
МАЏАРИ – СОКОЛИ 84-62
РАБОТНИЧКИ 2018 – АНГЕЛИ 68-90
ТЕТЕКС – МЕГА БАСКЕТ 70-83
ШКУПИ – КУМАНОВО 2009 20-0 службено
Недела
17.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.

ТАБЕЛА: МКК Куманово 32, Маџари 31, Шкупи 29, Ангели 26, МЗТ Скопје У.Б. 25, Соколи 23, Борец баскет 22, Мега Баскет 22, Водно Санс 21, Работнички 2018 21, Тетекс 18.