Прекината се серијата од четири победи на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата откако попладнево во рамките на 26.коло загубија на домашен терен од Фулам.
Победничкиот гол гостите го постигнаа во судиското надополнување на вториот дел (90+7), а стрелец беше Ивоби. Во текот на целиот натпревар гостите од Лондон ја контролираа играта и поведоа во 65.минута со голот на Калвин Беси. „Црвените ѓаволи“ изедначија во финишот на региларниот дел преку Хари Мегваер во 89.минута. Голот за победа и три бодови за Фулам го постигна Ивоби.
На „Вила парк“ Астон Вила без поголеми проблеми го совлада Нотинген Форест со 4:2. По водството од 3:0 во првиот дел гостите навестија неисвесност откако намалија на 3:2, но сепак Астон Вила со уште еден гол стигна до триумф од 4:2.
На другите два дуела: Брајтон – Евертон 1:1 и Кристал Палас – Барнли 3:0.
Од 18:30 часот играат: Бурнемут – Манчестер Сити, а од 21 часот е дуелот Арсенал – Њукасл.