Барселона со 4:0 имаше триумфално попладне против Гетафе. После разочарувањето во Лигата на Шампионите, Чави и Барселона се вратија на победите.

Во првиот дел Барселона влезе многу жешко. Сето тоа се во 20.та минута кога Рафиња постигна гол за 1:0. До крсјот на првиот дел „каталонците” направија неколку грешки и за нивна среќе не беа скапо казнети.

Во вториот дел проработе екипата на Чави и им одржа лекција на Гетафе. Прво Жоао Феликс зголеми на 2:0, а потоа Де Јонг зголеми на 3:0. Конечните 4:0 беа дело на младиот Фермин Лопез.

Барселона фаќа приклучок во трката за Ла Лига. По 26 кола сега Барса ќе преноќи на втората позиција со 57 бода. Џирона е веднаш под нив со 56 бода, а Реал Мадрид е лидер со 62 бода. Гетафе пак по 26 кола се наоѓа на 10.то место со 34 бода.

Андреј Велјаноски