Поради пристојниот настап на сениорската репрезентација, денеска женската ракометна Супер лига, ќе се одиграат сите натпревари од 15-тото коло.

Во оваа рунда фаворитите немаат тешки противници и би требало лесно да стигнат до победа.

Бранителот на титулата Ѓорче Петров за противник го има тимот на Стружанка, овој натпревар ќе се одигра во салата ,,Нико Нестор” во Струга.

Екипата на Вардар ќе го пречека тимот на Скопје во ,,Круме Кепевски”. Астибо игра против Овче Поле. Тимот на Шампион ќе се соочи со екипата на Гевгелија. На овој натпревар Гевгелија ќе има шанси да стигне до своите први бодови со оглед на тоа дека единствено таа нема ниту една победа од сите тимови.

Металург Автокоманда игра против тимот на Деспина во спортската сала ,,Круме Кепески”. Додека Спартак на домашен терен ќе ја пречека екипата на Куманово. Во последниот натпревар за денес, второ пласираниот на табелата Чаир гостува кај Пелистер во Битола.

Сите натпревари ќе се играат денес, а веќе утре е закажан одржи собирот репрезентација на Македонија која ја чека двомеч со Шпанија.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 15 КОЛО
САБОТА

13.00 СТРУЖАНКА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
14.00 АСТИБО – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ
14.00 ВАРДАР – СКОПЈЕ
14.30 ШАМПИОН – ГЕВГЕЛИЈА
17.00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ДЕСПИНА
18.00 СПАРТАК –КУМАНОВО
19.30 ПЕЛИСТЕР – ЧАИР

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 42 бодови, Чаир 37, Металург Автокоманда 36, Куманово 33, Вардар 28…

Ивона Кимовска