За само четири дена бранителот на титулата во женскиот ракомет, екипатаЃорче Петров потпиша уште едно засилување за пролетниот дел.
Се работи за Србинката, Катарина Танасковиќ која има 29 години и игра на позицијата десен бек. Во есенскиот дел од сезоната таа играше за тимот на Бурса од Турција.
Од стартот на нејзината кариера па се до 2019 година настапуваше за тимот на Наиса по што потоа премина во Гран Канарија од Шпанија. Танасковиќ една сезона настапуваше во тимовите Дачиа Миовени од Романија, италијанскиот Салерно како и Шомбатељ од Унгарија.
Катарина има настапувано и за младинската репрезентација на Србија.
Ова е трето засилуваше во тимот на Ѓорче Петров откако претходно ги претстави Бразилките Талита Алмеида и Милена Менезес.
Со новите засилувања во Ѓорче Петров очекуваат успешно да го минат четвртфиналето во ЕХФ Европскиот куп. Првиот натпревар против екипата на Елче е закажан на 10 март на гостински терен, додека на 17 март реваншот ќе се игра во Скопје.
Ивона Кимовска