Македонската сениорска репрезентација на Македонија, трет ден се подготвува за претстојните евро-квалификации.
Прв и најважен предизвик е селекцијата на Естонија, која е директен конкурент на црвено-жолтите за пласман на Европското првенство.
Кошаркарот на Задар, Аден Мекиќ, фаворитската улога ја препушта на противникот, но верува во позитивен резултат.
„Естонија е репрезентација која е многу агресивна, игра брза и атрактивна кошарка.
Но, ние сме домаќини, играме на домашен терен, имаме релативно млада екипа дополнета со искусни играчи.
Наше е да излеземе и да дадеме максимум, верувам во целиот тим. Имаме играчи кои имаат енормно искуство и квалитет, така да навистина се надевам на позитивен резултат.
Сепак, фаворитската улога ја препуштам на Естонија“, изјави Мекиќ.
Премиерниот натпревар во овие квалификации ќе се игра во петок во СЦ „Кале“ од 19 часот.