Манчестер Јунајтед го совлада Лутон во гости со 2:1 и се доближи до петто пласираниот Тотенхем на само 3 бодови.
Овие две екипи одиграа еден атрактивен натпревар со огромен број на прилики и голем интензитет, но беа постигнати само 3 погодоци.
Сите три гола беа постигнати во првите 15 минути. Во првата минута од натпреварот по грешка на дефанзивецот на Лутон, Амари Бел, Расмус Хојлунд одлично го совлада голманот за водство од 1:0 на Манчестер Јунајтед.
Имено, Хојлунд со овој гол испиша историја. Тој е најмладиот играч кој успеал да постигне гол на шест последователни натпревари во Премиер лигата.
Само 6 минути подоцна „Данската машина“ го постигна и својот втор погодок за водство на црвените ѓаволи од 2:0.
На 2:1 намали капитенот на домаќините, Чарлтон Морис, во 14-тата минута.
Во продолжението видовме огромен број на прилики и прекрасен фудбал, но мрежите останаа недопрени. Крајниот резултат остана 2:1.