Екипата на Милан го губи чекорот со лидерот на табелата Интер во трката за „Скудетото“.
Ова откако , во претпоследниот натпревар од 25.коло на Серија А, Монца направи големо изненадување поразувајќи во Милан со 4-2.
Уште по првиот дел гостите од Милано, западнаа во „невоља“. Матео Песина од пенал во 45-тата минута. Но, тука не престанаа маките за Милан во првиот дел. Имено, се играше шестата минута од дополнувањето, кога Дени Мота зголеми на 2-0 за Монца.
Проблемите за Пиоли и неговиот тим дополнително се зголемија откако Јовиќ заработи црвен картон во 53-тата минута.
Надежта за „росон-нерите“ ја врати Оливие Жиру кој во 65.минута намали на 1-2. Миланезите не се откажаа и со играч помалку успеаја да стигнат до израмнување. За тоа се погрижи Кристијан Пулишиќ кој во 88-та израмни на 2-2.
Таман се понадеваа дека ќе освојат бод, но Милан прими и трет гол. Во првата минута од судиското дополнение Андреа Коломбо на ефектен начин погоди за 3-2 за Монца. Судбината на Милан ја запечати Лоренцо Коломво (90+6) за конечни 4-2.
По овој пораз Милан остана на третото место на табелата, но сега има 11 бодови помалку од лидерот Интер, а два од Јувентус.