Првакот на Англија Манчестер Сити освои само бод во дуелот со Челзи, откако на домашен терен одигра нерешено 1:1, а голот за изедначувањето го постигнаа во последните десет минути. Со освоениот бод „граѓаните“ паднаа на третата позиција на табелата, бидејќи Арсенал во денешниот дуел го совлада Барнли.
Челзи поведе во 42.минута со голот на поранешниот играч на Манчестер Сити Рахим Стерлинг, а притоа „сините“ од Лондон пропуштија и неколку шанси и за поубедливо водство.
Во вториот дел нападите на Манчестер Сити беа нешто посериозни, а голот го постигнаа по една одбиена топка во 83.та минута. До крајот на дуелот „граѓаните“ не стигнаа до втор гол вреден победа.
Ливерпул е лидер на табелата со 57 бодови, Арсенал има 55, а Манчестер Сити 53 и натпревар помалку.
Челзи со 35 бодови е на 10.то место на табелата.