Време е за фудбал и во Македонија. Речиси минаа два месеци откако за последен пат гледавме натпревари на фудбалските терени ширум државава.
Денеска во натпреварот меѓу Гостивар и Вардар ќе започне пролетниот дел во Првата македонска фудбалска лига.
Двата тима претрпеа видни измени на полусезоната, а вардарци имаат и нов стратег.
Гостиварци се во горниот дел на табелата односно петтото место. Сезоната ја почнаа лошо и на првите седум натпревари претрпеа шест порази, но пота (11 натпревари) не знаат за пораз.
Од другата страна, Вардар е последен со дури 11 порази на осумнаесетте одиграни натпревари и ќе води тепка битка за опстанок.
Како и колку во меѓувреме се воиграат двете екипи ќе видиме во натпреварот што ќе почне од 14 часот, а ќе го суди Александар Ставрев (Скопје).
Во истиот термин утре (недела) ќе се играат останатите натпревари од ова коло.
ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА – 19.КОЛО
сабота (14 часот)
ГОСТИВАР – ВАРДАР
недела (14 часот)
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА Т.Л.
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
ШКУПИ – ВОСКА СПОРТ
СИЛЕКС – БРЕРА СТРУМИЦА
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ