На Светското првенство во водени спортови што се одржува во Доха утринава својот втор настап го имаше Ева Петровска.
Таа настапи во првата квалификациска трка на 800 метри слободно. Ева оваа делница ја исплива во време од 9:04.27 минути што под нејзиниот недобар резултат во оваа дисциплина (8:59.02.минути).
Со заостанување од 20.94.секунди зад најдобриот резултат во квалификациите Ева на крајот беше претпоследна 24-та. Во оваа дисциплина 25 пливачки ги стартуваа трките.
Од македонските плевачи останува уште еден настап на Никола Ѓуретановиќ кој утре ќе плива на 1500 метри слободно.