Вероника Рјабовлова е првата претставничка на Македонија, која имаше настап на Европското првенство во борење што се одржува во Букурешт.
Рјабовлова утринава настапи во категоријата до 53 крг. во која ждрепката не и беше наклонета. Таа во 1.коло (осминафинална рунда), налета на една од главните фаворитки за злато Ванеса Калаџинскаја.
Вероника беше поразена со 8:1 на поени од Белорусинката, која веќе обезбеди пласман и во полуфиналната рунда.
Покрај Вероника, Македонија на овој шампионат ќе биде претставувана со уште осуммина борачи:
61 кгр Владимир Егоров
65 кгр Бесир Алили
70 кгр Фати Вејсели
74 кгр Расул Шапиев
79 кгр Дејан Митров
86 кгр Ахмад Могамедов
92 кгр Реџеп Хајдари
97 кгр Могамедгаџи Нуров