Најголемите македонски кошаркарски ривали Работнички и МЗТ Скопје Аеродром го сочинуваат првиот полуфинален пар во Купот на Македонија.
Ова е исходот по третиот одигран четвртфинален натпревар на завршниот турнир во Битола. Во него Работнички го победи ТФТ со 75-68.
Откако во воведните три минути Работнички ја имаше предноста, во продолжението ТФТ беше оној кој ја презеде контролата на резултатот. Тимот од скопската населба Тафталиџе имаше и 14 поени предност на средината на вториот период, а на полувреме замина со +6 (40-34).
По шест минути игра во третата четвртина и серија од 10-0 Работнички со свете резултатот и поведе со 45-44. Со поен предност за ТФТ се влезе во последниот период (54-53).
Во него, израмнето беше се до 61-61, кога црвено-белите направија серија од 11-1 што се покажа како решавачки миг. На крајот Работнички славеше со конечни 75-68.
Роберт Рикиќ со 23 поени беше најефикасен на натпреварот и во победничката екипа за која Стојан Ѓуровски постигна 14, а Виктор Ефремовски поени.
Противник на Работнички во полуфиналето ќе биде лутиот ривал МЗТ Скопје кој во четвртфиналето лесно го совлада Гостивар.
Останува да го дознаеме последниот полуфиналист и тоа по натпреварот меѓу Пелистер и Феникс што ќе почне од 19.30 часот. Подобриот од овој натпревар во полуфиналето ќе игра против Еуро Никел.