Хрватските ватерполисти по четврти пат во историјата се пласираа во финалето на Светското првенство.
На Мундијалот во Доха, Хрватска во полуфиналето по подоброто изведување на пенали ја совлада Франција со 17:16
Популарните „баракуди„, имаа и три гола предност (9:6). Но, Триколорите не се предадоа и успеаја да се вратат во игра израмнувајќи на 10:10.
На 52 секунди пред крајот Лорен Фатовиќ погоди за водство на Хрватска од 11:10, а на спротивната страна Енцо Кас израмни на 11:11.
Одлуката падна од пет метри, и тоа во шестата серија кога Мате Аниќ го одбрани ударот на Кас.
По освојувањето на титулите во Мелбурн во 2007 година и во Будимпешта 20217, Хрватите против Италија ќе се обидат да дојдат до третата титула.
Азурите во првото полуфинале беа подобри од европските шампиони Шпанците со 8:6
Финалето натпревар е закажан за во сабота од 15.30 часот.