Екипата на Еуро Никел е втората што се пласира во полуфиналето на кошаркарскиот Куп на Македонија.

На завршниот турнир во Битола, кошаркарите Еуро Никел во четвртфиналето го совлада Чаир со 87-79.

Чаирчани одлично го почнаа натпреварот и рано остварија двоцифрена предност 12-2. Имаа и најголеми +13, но првиот период го завршија со +9 (26-17). Во втората четврти, кавадарчани успеаја да ја надополнат негативата, па на одмор се замина со израмнето 47-47.

Рамноправна игра во која двете екипи имаа свои подобри минути, гледавме и во второто полувреме. Ниту еден од тимовите не успееја да создаде двоцифрена предност, па се до самиот финиш резултатот беше ”тесен”.

Во неизвесната ”пенал” завршница подобро се снајдоа кошаркарите на Еуро Никел, па на крајот заслужено се радуваа на победата со конечни 87-79.

Американецот, Мек Смит со 28 поени беше најефикасен на натпреварот и во победничката екипа за која Дубински постигна 16, а Младеновиќ 15 поени.

Противник на Еуро Никел во полуфиналето ќе биде подобриот од натпреварот Пелистер – Феникс (19.30 часот).

Претходно бранителот на трофејот МЗТ Скопје А. со победата над Гостивар се пласира во полуфиналето. Аеродромци го чекаат исходот од натпреварот што следи (17 часот) меѓу Работнички и ТФТ, за да го дознаат противникот во полуфиналето.