Нов пораз претрпе македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во ракометната Лигата на шампионите откако вечерва загуби пред своите гледачи од францускиот првак ПСЖ со 31:25 (15:9). Ова беше дуел од 11.коло од А групата, а битолчани „запишаа“ нов пораз.
Францускиот првак предводен од поранешниот тренер на Вардар, Раул одлично го почна натпреварот и по нецели осум минути водеше со 5:1. По две реализрани контри Е.Пелистер намали на 3:5, но брзо потоа следуваше серија од три голови на гостите за водство од 8:3. Во 23.минута со голот на Стеинс ПСЖ првпат поведе со + 7 (13:6), а голманот на битолчани првите одбрани ги имаше во последните десет минути, а полувремето го заврши со 3, додека голамнот на ПСЖ – Грин имаше 7 одбрани.
Вториот дел беше во знакот на гостите од Париз, кои најчесто имаа предност од седум голови разлика, а највисоката предност ПСЖ ја имаше во 44.минута со (14:23). Битолчани успеаја во неколку наврати да намалат и на шест негатива. Во таков однос на силите двајцата тренери Ангеловски и Раул, им дадоа минути и на играчите кои во првиот дел беа на клупата.
Конечниот исход и разликата беше од крајот на првиот дел бидејќи и двете екипи одиграа без многу внимавање на одбраната. Гедбан кај Е.Пелистер во вториот дел имаше 5 одбрани, а Паличка кај ПСЖ скромни две.
Најефикасен на натпреварот беше Камил Шипжак со 7 голови од ПСЖ, а кај Еурофарм Пелистер Манасков, Борзаш, Ѓорговски, Пешевски и Радивојевиќ постигнаа по 3.
Во следното коло Е.Пелистер гостува кај бундеслигашот Кил.