Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го продолжува својот настап во елитната Лига на шампиони.
Вечерва во Битола и спортската сала „Боро Чурлевски“ пелистерци се домаќини на францускиот и европски гигант ПСЖ.
Ова е натпревар од 11.коло на групата А, во кој досега македонскиот шампон се нема освоено нити еден бод на десетте одиграни дуели.
Тешко е да се поверува дека нешто ќе се смени и по вечерашниот меч, во кој ПСЖ важи за апсолутен фаворит.
Се освен победа на француската екипа би било вистинско изненадување, но и огромен подвиг на пелистерци.
Натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ ќе започне во терминот од 18.45 часот.
Во вечерниот термин од 20.45 часот во истата конкуренција ќе играат Киелце и водечкиот Кил.