Во одбојкарскиот Куп на Македонија во двете конкуренции на програмата се четвртфиналните дуели. По нив ќе ги дознаеме осумте екипи кои ќе играат на завршниот турнир.

Во женска конкуренција, одбојкарките на Работнички одбраната на трофејот ќе ја почнат против Вардар ЕМ. Топ фаворитките и не поразени во првенството, одбојкарките на Струмица жени за противнички ги имаа битолчанки, екипата на Пелистер.

Кај машките, разбирливо двојниот освојувач на круната и најтрофеен во ова натпреварување, тимот на Струмица важи за апсолутен фаворит и годинава. Струмичани во оваа рунда ќе играат против велешки Борец што практично е реприза на ланското финале.

КУП НА МАКЕДОНИЈА (ЖЕНИ) – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – ВАРДАР ЕМ
ЈАНТА ВОЛЕЈ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ
СТРУМИЦА – ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ
НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – МЛАДОСТ УГД

КУП НА МАКЕДОНИЈА (МАЖИ) – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
СТРУМИЦА – ГОК БОРЕЦ
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
ШТИП УГД – ВЕСНА ПРОБИШТИП
ЛИРИЈА – УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО