Во спортската јавност не потребно се создаде паника, дека државата нема да го финансира спортот, напротив, ни изјави советникот за спорт при Владата, Панче Милевски.
„Станува збор за техничка, но суштинска грешка.
Во текстот пишува дека ”еднаш“ се дава финансиската поддршка.
Законот е вратен и тоа ќе биде коригирано, бидејќи треба да стои “еднаш годишно“.
Тоа е реалната причина зошто законот беше повлечен. Се останува според најавеното и предвиденото, во однос на финансирањето во спортот од страна на државата“, ни изјави Милевски.
Новите измени, предвидуваат директно финансирање на федерациите, клубовите, спортистите, а не како досега со т.н. „ваучер“.
Ќе бидат засилени и критериумите, а пред се контролата на трошење на доделените средства.
Само на таков начин, парите од граѓаните ќе стигнат токму до оние за кои се наменети, спортистите.