Дербито во Кавадарци го оправда својот епитет на дерби средба од 17.коло во Првата кошаркарска лига на Македонија.

Работнички славеше во неизвесна завршница со 92-91 и го мина на табелата во борба за второто место.

За домаќините ова е второ последователно дерби пред својата публика и втор пораз откако во продолжетоци загуби и од МЗТ Скопје.

Тренерот на Работнички Горан Самарџиев се врати во неговото родно Кавадарци со триумф над Еуро Никел кого го предводеше минатата сезона.

Со оваа победа Работнички сега е на второто место со една победа помалку и еден пораз повеќе од МЗТ Скопје.

Најдобри на паркетот и двете екипи беа странските засилувања. Кај Работнички Трис даде 27, Декоси 21, а Рикиќ 18 коша.

Кај Еуро Никел Смит-Меквен даде 29, Дубински 19, а Гругориевиќ 16 коша.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 17.коло
недела
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – РАБОТНИЧКИ  91-92
Сабота
ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС 71-67
МЗТ СКОПЈЕ А. – ОХРИД
ГОСТИВАР – ТФТ 77-91
KOЖУВ – ЧАИР 70-84
АКАДЕМИЈА ФМП – ВАРДАР

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 31 бод, Работнички 29, Еуро Никел 29, Пелистер 29, Чаир 29, ТФТ 28, Феникс 27, Гостивар 22, Кожув 20, Охрид 20, Академија ФМП 19, Вардар 19.