На Светското првенство о водени спортови утрина своите први настапи ги имаа македонските пливачи.
Ева Петровска и Никола Ѓуретановиќ настапија во квалификациските трки на 400 метри слободно.
Петровска исплива време од 4:25.21 минути, што беше за шест секунди послабо од нејзиното најдобро пријавено време. Со заостанување од +10.79 секунди зад најдобриот резултат, Ева на крајот е рангирана на 27-та позиција во конкуренција на 33 натпреварувачки.
Малку недостасуваше Никола Ѓуретановиќ да го подобри најдобриот резултати. Тој исплива време од 4:04.76 минути, што е за само 3.стотинки побавно од неговиот најдобар резултат. Сепак на крајот Никола е рангиран на 43.место во конкуренција на 55 пливачи колку ја завршија трката.
За двајцата останува по уште еден настап.
Ева во петок (16 февруари) ќе плива во квалификациите на 800 м. слободно, а Никола во сабота (17 февруари) на 1500 метри слободно.