Фудбалерите на Тотенхем стигнаа до тешка, но заслужена победа во дуелот со Брајтон.
До четиринаесеттата победа во Премиер лигата, Тотенхем стигна со гол во судиското дополнение за конелни 2-1.
Гостите по првиот дел имаа предност од 1-0, со голот на Грос од пенал во 16-тата минута.
Сепак, во второто полувреме, Тотенхем комплетен направи пресврт.
ВО 61.минута Сар израмни на 1-1. Кога сите очекуваа крај на мечот, голема радост на домаќините им донесе Џонсон.
По една брза контра во шестата минута од судиското дополнение, Џонсон погоди за 2-1 за Тотенхем.
Со оваа победа Тотенхем се врати на 4.место на табелата со и 47 бодови, еден повеќе од Астон Вила која утре игра против Манчестер Јунајтед.