Познати се четвртфиналните двојки за одбојкарскиот Куп на Македонија во двете конкуренции.
Согласно пропозициите и пласманот на екипите во есенскиот дел од првенството, екипите беа поделени во две квалитативни групи (садови).
Така ждрепката посака, во машката конкуренција, да гледаме реприза на ланското финале.
Бранителот на трофејот и топ фаворит годинава Струмица за противник во четвртфиналето ќе го има велешки Борец.
Во женска конкуренција, одбојкарките на Работнички одбраната на трофејот ќе ја почнат против Вардар ЕМ.
Четвртфиналните натпревари на програмата се на 14-то февруари, по што ќе бидат познати осумте екипи кои ќе играат на завршницата.
КУП НА МАКЕДОНИЈА (ЖЕНИ) – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – ВАРДАР ЕМ
ЈАНТА ВОЛЕЈ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ
СТРУМИЦА – ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ
НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – МЛАДОСТ УГД
КУП НА МАКЕДОНИЈА (МАЖИ) – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
СТРУМИЦА – ГОК БОРЕЦ
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
ШТИП УГД – ВЕСНА ПРОБИШТИП
ЛИРИЈА – УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО