Стартот на вториот дел од сезоната во ракометната Супер лига, го носи и „Супер дербито“, меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.
Ждрепката посака, претендентите за шампионскиот трофеј, да се сретнат уште во 1.коло во плеј-оф конкуренцијата.
Тренерот на пелистерци, Бранислав Ангеловски ја прифаќа улогата на фаворит, пред се поради домашниот терен.
„Натпреварите меѓу Пелистер и Вардар се историски без разлика каде се играат,
во Битола или Скопје.За утешното дерби ние сме фаворити, бидејќи играме во Битола, во наша сала,
бодрени од своја публика.Се подготвуваме стандардно и немам посебна тактика. Би додал дека добро би било да се подготвуваме за следниот предизвик ПСЖ.
Само со таков пристап сигурно би го победиле Вардар.Ако на сите натпревари го имавме пристапот како што го имавме во ЛШ, ние не треба во ниту еден натпревар да размислуваме за ништо друго, освен победа,
во домашното првенство“, истакнува Ангеловски.
„Супер дербито“ меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра утре со почеток од 18 часот, а може ВО ЖИВО да го гледате овде.