Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се наоѓа на 242.то место на ВТА листата.
Тоа е скок за една позиција во однос на претходната недела, а Лина има 312 поени.
Во конкуренција на двојки Ѓорческа е на 374.то место со 226 поени, без промени во бодовите, а со скок од три позиции.
Од македонските тенисерки сингл ранг има и Магдалена Стоилковска. Без промени во рангирањето и поените е Магдалена која се наоѓа на 1216.то место со 9 поени.
Ѓорческа оваа недела ја очекува настап на ИТФ фјучрс турнир во Анталија.