Tројца кошаркари се издвоија со своите настапи ноќеска во десетте одиграни натпревари во НБА лигата.
Шампионот Денвер предводен од Никола Јокиќ стигна до нова победа, оваа на домашен терен против Портланд со 112-103. Србинот натпреварот го заврши со 29 поени, 8 скокови и 7 асистенции.
Џејсон Тејтум со 34-те поени беше најефикасниот играч на вечерта. Тој додаде 8 скока и 7 асистенции во убедливиот триумф на Бостон со 40 разлика (131-91) против Мемфис.
Јанис Антетокумпо оствари дабл-дабл со 33 поени и 13 асистенции на кои додаде и 7 скокови, но Милвоки загуби од Јута со 108-123.
Нај неизвесниот натпревар го одиграа Оклахома и Торонто. Победникот беше решен по две продолженинија, а на победа се радуваа домаќините со 135-127.