Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски рангирања. Новаќ Ѓоковиќ и Ига Швјонтек остануваат и оваа седмина на првата позиција.
На машката листа и натаму лидер е Србинот, Новак Ѓоковиќ, кој ја започна 411-та недела на чело на АТП листата. Тој и натаму има 600 поени повеќе од второ рангираниот Карлос Алкараз од Шпанија,
Ѓоковиќ сигурно ќе ја држи предноста до почетокот на март кога ќе игра на следниот турнир, во Индијан Велс, а тоа значи дека сигурно ќе помине 414 недели како најдобар во светот.
Зад овој двоец нема промени во ТОП, па така Русинот, Данил Медведев е трета, победникот на Австралија Опен, Јаник Синер од Италија е четврти, а петти е Андреј Рубљев.
По нив следуваат: Германецот, Александар Зверев, Данецот, Холгер Руне, Хуберт Хуркач од Полска, Американецот, Тејлор Фриц, и Гркот, Стефанос Циципас.
И кај дамите, на ВТА листата нема промени во ТОП 10.
Така и натаму прва е полската тенисерка Ига Швјонтек, која ја започна својата 89-та недела на првото место.
Зад неа се победничката на Австралија опен Арина Сабаленка од Белорусија и Американката, Кори Гауф.