Домашната спортска сцена од викендов е побогата со натпреварите во одбојкарскиот шампионат. На програмата беа првите мечеви од втората фаза во двете машки конкуренции.

Во посилната, плејофот или онаа каде шесте екипи разигруваат за шампионската титула, победи забележаа Штип УГД и Работнички.

Штипските „студенти“ беа подобри од тетовските и ги совладаа со 3-1 во сетови. Работнички пак направи мало изненадување со победата на гости кај Лирија (3-1) за која ова беше само трет пораз сезонава.

Претходно, шампионот Струмица немаше мака да ја оствари 12-тата победа и да остане максимален во учинокот.

Во конкуренцијата за пласман (плеј-аут), сите три домашни екипи забележаа максимални победи.

ПРВА ПЛЕЈ-ОФ ЛИГА (МАЖИ) – 1.коло
петок
СТРУМИЦА – ВЕСНА ПРОБИШТИП 3-0 (25:21, 25:14, 25:15)
Сабота
ШТИП УГД – УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО 3-1 (25:19, 25:15, 21:25, 25:21)
ЛИРИЈА – РАБОТНИЧКИ 1-3 (16:25, 23:25, 25:12, 22:25)

ТАБЕЛА: Струмица 12-0, Штип УГД 10-2, Работнички 9-3, Лирија 9-3, Универзитет во Тетово 7-5, Весна Пробиштип 7-5.

ПРВА ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА (МАЖИ) – 1.коло
петок

СУШЕВО – ЈАНТА ВОЛЕЈ 3-0 (27:25, 25:22, 25:12)
сабота
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЏИО 3-0 (25:21, 25:14, 25:18)
ГОК БОРЕЦ – ВАРДАР 3-0 (25:16, 25:9, 25:16)

ТАБЕЛА: Шкендија 6-6, ГОК Борец 5-7, Сушево 4-8, Јанта волеј 2-10, Вардар 1-11, Македонија Џио 0-12.