Кошаркарите на Феникс 2010 го победија на свој паркет тимот на Гостивар со 105-90 и стигнаа до 10-тата победа во сезоната во првата машка лига.
Резултатот не беше доведен во прашање во текот на целиот меч, освен на почетокот на мечот кога Гостивар оствари предност од +8.
Сепак до крајот на првата четвртина Феникс се консолидираше и со серија од 9-0 го превзеде водството кое го задржа до крајот на натпреварот.
Во третиот дел Феникс стигна и до максимални +23 против Гостивар кои имаа само еден расположен играч во името на странското засилување Инграм.
Токму играчот на Гостивар со 28 поени беше прв стрелец на натпреварот, а Вилијамс постигна 20 коша за поразениот тим.
Кај Феникс Рис даде 27 поени и 10 скока, Бојан Трајковски го следеш со 20 поени и 13 скока, а Хејн-Џонс даде 19 коша.
Гостивар остана на само пет победи во првенството и е закован на осмото место на првенствената табела.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 16.коло
сабота
ЧАИР – АКАДЕМИЈА ФМП 103-73
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 101-58
недела
20.00 ФЕНИКС – ГОСТИВАР 105-90
среда
17.00 ОХРИД – ПЕЛИСТЕР
18.00 ТФТ – КОЖУВ
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – ОХРИД
ТАБЕЛА: Работнички 28 бодови, Еуро Никел 27, МЗТ Скопје Аеродром 27, Чаир 26, Феникс 26, Пелистер 25, ТФТ 24, Гостивар 21, Академија ФМП 19, Вардар 19, Кожув 18, Охрид 18,