Екипите на Работнички и Чаир со убедливи победи ги потврдија фаворитските улоги во дуелите со Вардар и Академија ФМП.
Двата тима постигнаа над 100 поени и остварија триумфи со 41 односно 30 разлика.
Работнички го „демолираше“ Вардар совладувајќи го со 101-58. Целата работа црвените ја завршија уште во првото полувреме кое го добија со 55-27.
Четири од петмината стартери на Работнички имаа двоцифрен ефект, а најефикасен беше Трајс со 18 поени.
На вториот натпревар кошаркарите на Чаир отпорот на Академија ФМП го скршија во последната четвртина. Со серијата од (12-2) на почетокот на последната четвртина, Чаир се одвои на недостижно водство со 80:63. До крајот чаирчани само ја зголемува предноста и славеа со конечни 103-73. Роби со 22 и Муставица со 21 поен и 17 скокови беа предводници во петата победа на Чаир на последните шест натпревари.
За утре закажан е еден натпревар, а останатите три меѓу кои и дербито ќе се играат в среда.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 16.коло
сабота
ЧАИР – АКАДЕМИЈА ФМП 103-73
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 101-58
недела
20.00 ФЕНИКС – ГОСТИВАР
среда
17.00 ОХРИД – ПЕЛИСТЕР
18.00 ТФТ – КОЖУВ
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – ОХРИД
ТАБЕЛА: Работнички 28 бодови, Еуро Никел 27, МЗТ Скопје Аеродром 27, Чаир 26, Пелистер 25, Феникс 24, ТФТ 24, Гостивар 20, Академија ФМП 19, Вардар 19, Кожув 18, Охрид 18,