Екипата на Реал Мадрид повторно е првопласирана во шпанската Ла Лига. Ова откако Реал вечерва славеше на гостувањето кај Гетафе.
Во малото мадридско дерби „Кралевите“ го совладаа Гетафе со 2-0 во заостанат натпревар од 20-тото коло.
Хоселу беше двоен стрелец. Во 14-тата минута по центаршутот на Лукас, Хоселу погоди за водство од 1-0. Вториот гол Хоселу, го постигна во 56-тата минута по акцијата на Винициус.
Со оваа победа, Реал сега има 57 бодови, два повеќе од второ пласираната Џирона. На 3-тото и 4-тото место со по 47 бодови се Атлетико Мадрид и Барселона.
Веќе в недела Реал го чека уште едно мадридско дерби, но ова против лутиот ривал Атлетико.
Standings provided by Sofascore